Ракета-пресретнувач истрелана од бродот „Чоукај“ на јапонската Воена морнарица не успеа да погоди маневарски балистички проектил, во рамките на вежбата на вооружените сили на Јапонија на која беше симулиран ракетен напад од Северна Кореја.

Ракетата-пресретнувач „Стандард мисајл 3“, лансирана од противракетниот систем „Иџис“ од американско производство, ја загубила балистичка ракета кон која била истрелана само неколку секунди пред предвидениот термин за нејзино погодување.Засега нема информации за причините за овој неуспешен ракетен тест, спроведен во водите на Тихиот Океан во близина на Хавајските Осторви.
Системот за противракетна одбрана „Иџис“, наменат за воени бродови, е производство на корпорацијата „Локид Мартин“, додека ракетата „Стандард мисајл 3“ е произведена од компанијата „Рејтион“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град