Бојата за коса, разубавува или убива?

Британските научници предупредуваат дека бојата за коса која што ја користат милиони жени ширум светот, всушност содржи хемикалии кои што можат да доведат до заболување од рак.

raka
рака

Британските научници предупредуваат дека бојата за коса која што ја користат милиони жени ширум светот, всушност содржи хемикалии кои што можат да доведат до заболување од рак.

bojaКако што е наведено, без оглед на тоа дали станува збор за фарба за коса која што се употребува во рамките на домот или пак за оние кои што се користат во фризерските салони, нивното влијание врз здравјето е исто.
Според пишувањата на еден угледен научен магазин, боите за коса можат да реагираат со димот од цигарите и другите загадувачи на воздухот, создавајќи една од најмоќните комбинации кои што предизвикуваат рак и кои што досега се истражувани.
Меѓутоа, козметичката индустрија се противи на овие тврдења и истите ги негира.
Предупредување за тоа дека фарбите се потенцијални причинители на ракот доаѓа и од фирмата “Green Chemicals” од Лидс. Тие велат дека и досега беа достапни сите информации, а дека тие сега “само ги сложија коцките и ја направија поврзаноста со ракот”.
Тие напоменуваат дека хемикалиите наречени секундарни амини, кои што се наоѓаат во сите трајни бои за коса, или можат да се формираат во нив, можат да се пробијат во коренот на косата и таму да останат со денови, месеци, па дури и години.

Во текот на ова време овие нешта би можеле да реагираат со димот од цигарите и издувните гасови, односно да формираат отровни соединенија наречени Н-нитрозамини, за кои што се претпоставува дека предизвикуваат рак.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top