Ќе остане ли Рим без Колосеум?

Изградбата на нова метро станица може да биде крај за Колосеумот.

 |  Голабовски Крсте  | 
koloseum
колосеум

На Колосеумот, една од најпознатите градби во светот и симбол на италијанската престолнина, му се заканува опасност да се сруши, доколку властите го реализираат својот план во негова близина да изградат метро-станица, предупредува здружението за заштита на културното наследство “Наша Италија“.

koloseumСпоред зборовите на претседателот на ова здружение, Карло Рипа ди Меане, поради ископувањата во непосредна близина на Колосеумот, темелите на таа градба би можеле да попуштат.

Меане и неговото здружение бараат од судот да се забрани изградбата на станицата на метрото кај Колосеумот, доколку тоа претходно не го направи началникот на Националниот археолошкиот завод за заштита на споменикот.

Според плановите на властите, на само неколку десетина метри од Колосеумот, треба да почне ископување на тунели на длабочина од 50 метри.

Работите би требало да траат до 2020 година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top