Човекот од Американската морнарица кој беше одговорен за убиството на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, вели дека е запоставен од страна на американската влада.
Човекот од Американската морнарица кој беше одговорен за убиството на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, вели дека е запоставен од страна на американската влада.
Екс командосот сега вели дека крпи крај со крај и дава надчовечки напори за да го прехрани своето семејство, како и да им плати здраствена заштита.И покрај убиството на најбараниот човек во Америка, американскиот војник кој бил наведен под името „Shooter“ повторно се врати во цивилниот живот. „Стрелачот“ кој остана анонимен се повлече од војската во септември 2012 година, 36 месеци пред 20 годишниот услов, потребен за прензиските бенефиции.
И владата не направи исклучок за пензиските бенефиции, дури ни кога се работи за Американецот, одговорен за убиството на првиот човек на најголемата терористичка мрежа во 21 век.
„Она што е тешко да се разбере е како човекот со стотина успешни воени мисии, еден од најпознатите декорирани борци ветерани во нашата доба, кој во својата кариера се прослави со убиството на Бин Ладен, на крајот немаше погодна почва да слета во цивилниот живот“, напиша Фил Бронстеин извршниот претседател на Центарот за истражувачко новинарство.
Настрана од анонимноста и јавното признавање од страна на американската јавност, владата на САД очигледно го заборавила значењето на овој човек и неговиот придонес во убиството на најбараниот терорист во светот. Без пензија, здраствено осигурување или некаков друг вид на заштита, овој човек останува во мракот од страна на агенцијата на која што и го посветил целиот свој живот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град