Државни резерви од 217 долари

Економската ситуација во Зимбабве е навистина очајна, а властите признаа дека во државната каса имаат само уште 217 долари.

Robert Mugabe
Роберт Мугабе

Економската ситуација во Зимбабве е навистина очајна, а властите признаа дека во државната каса имаат само уште 217 долари.

valuta-Минатата недела ги исплативме платите на буџетарите, па ни останаа уште 217 долари, изјави министерот за финансии на Зимбабве, Тендаи Бити.

Тој додаде дека државните финансии се парализирани, истакнувајќи дека одредени граѓани на државата имаат повеќе пари на своите сметки од самата држава.

Бити изјави дека државата нема друг избор освен да побара помош од интернационални донатори.
Буџетот на Зимбабве за 2013 година изнесува 3.8 милијарди долари, а според прогнозите, економијата на земјата ќе порасне за 5%.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top