Обама vs Ромни, по втор пат

Барак Обама и Мит Ромни вчера во Њујорк по втор пат се соочија во агресивна и овој пат многу поизедначена дебата.

 |   | 
obama vs romney
obama vs romney

obama vs romneyБарак Обама и Мит Ромни вчера во Њујорк по втор пат се соочија во агресивна и овој пат многу поизедначена дебата.
Во дебатата во која прашањата ги поставуваа политички неопределени граѓани на Њујорк, најмногу контроверзи во  предизвика прашањето за нападот на конзулатот во Либија, во кој беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и уште тројца Американци.  Ромни го обвини Обама дека по нападот заминал да собира изборни донации во Лас Вегас, но интересно беше што Обама рече дека крајната одговорност за тоа што се случи во Либија не е кај државниот секретар Хилари Клинтон, која прифати одговорност непосредно пред дебатата, туку е кај него, и најави казна за напаѓачите на конзулатот.
Анкетите спроведени по дебатата покажуваат дека Обама бил подобар, но со многу мала разлика.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top