Граѓаните сакаат соларна енергија ама немаат пари за инвестирање

Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови.

 |  Валентина Неловска  | 
solaren sistem
solaren sistem

Само тројца охриѓани добиле субвенции за вградување на соларна енергија во нивните домови. За Владината објава, од пред два месеци за поддршка на инсталирање на соларни системи  со 30 посто од вредноста на инвестицијата и најмногу до 300 евра, имало над 1500 апликации. Но, само 300 граѓани од земјава,  по системот на  лотарија, добиле субвенција. Граѓаните покажуваат интерес за користење на соларната  енергија како еден од начините за намалување на високите трошоци од семејниот буџет за потрошената електрична енергија ама немаат доволно пари самостојно да инвестираат. Иако, Владата пред неколку години започна со субвенционирање и намалување на данокот од 18 на 5 проценти, во пракса бројот на инвеститорите за соларна енергија и понатака е многу мал, нагласува Климент Шешоски директор на Шешо Инжинеринг, фирма која покрај другото се занимава и со инсталирање на соларни системи.

solarna energija„Повеќето од луѓето се едуцирани и знаат што е соларна енергија. Но, парите се број еден, несигурноста во земањето плата и работата си го прават своето, да има помалку инвеститори“.   

Околу  3000 семејства во Македонија имаат инсталирано сончеви колектори и годишно заштедуваат високи суми за потрошена електрична енергија. Македонија за седум години, најдоцна до 2020 година треба да обезбеди 20 посто енергија од обновливи извори како што се сончев енергија, пелети, дрва, природен гас. Македонија во моментов се обидува да фати чекор во нагорна линија , кажува Шешоски.

„ Ние сме на нулта позиција и допрва треба да бараме обновливи извори. Владата има преземено мерки преку Светска банка за пренамена на школите да се загреваат на пелети. Набавката на пелети кај нас оди тешко,  мал е капацитетот на производство кај нас, но пелетите може да се набават со висок квалитет од Романија и Русија.“

solarna energijaВо Охрид, најчесто сопствениците на апартманите се одлучуваат да преминат на соларна енергија за затоплување на санитарна вода. Од друга страна помал е бројот  на сопствениците на индивидуалните објекти, вели Шешоски. За да се вгради соларен систем од термо сифон каде што нема потреба од автоматски бојлер на кров, колекторот чини од 650 до 750 евра. Системот пак, од 200 литарски бојлер со класичен систем и пумпа чини од 1300 до 1400 евра. Повеќето банки имаат кредитни линии со ниски каматни стапки за оваа намена но, граѓаните не се одлучуваат на нивно искористување.
Граѓаните заради економска несигурност не одат на кредитирање туку на лична заштеда  пари за оваа намена, но тоа оди потешко, објаснува Шешоски.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top