Неуспешни преговорите меѓу кинеските и претставниците на Далај Лама

Преговорите за Тибет со пратениците на Далај Лама беа неуспешни, соопшти денеска официјален Пекинг, додавајќи дека Кина никогаш нема да отстапи во врска со прашањето за статусот на регионот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Dalaj Lama
Далај Лама

Преговорите за Тибет со пратениците на Далај Лама беа неуспешни, соопшти денеска официјален Пекинг, додавајќи дека Кина никогаш нема да отстапи во врска со прашањето за статусот на регионот.

„Контактите и разговорите не доведоа до напредок по ова прашање и духовниот водач на Тибетанците треба да ја преземе целата одговорност за тоа. Заклучивме дека единството на нашата татковина, нејзиниот територијачен интегритет и националното достоинство се најважни за кинескиот народ и никогаш нема да отстапиме од тоа“, изјави високиот претставник на кинеската Комунистичка партија, Џу Веицјун.

Dalaj LamaМинатата седмица двајца претставници на Далај Лама допатуваат во Кина на нов круг преговори за статусот на Тибет, први по разговорите во јули, кои според Тибетанците беа „разочарувачки“.

„На сегашната средба кинеските власти поставија услови и побараа промени, кои според нив треба да бидат направени од тибетскиот лидер. Зборувавме за тоа дека Далај Лама треба целосно да се откаже од своите сепаратистички идеи и активности и да се обиде да ги разбере кинеските власти и народот, за да го реши проблемот со сопствените надежи“, додаде Веицјун.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top