Вонреден самит на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) посветен на глобалната финансиска криза започна денеска во Брисел.
Вонреден самит на лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) посветен на глобалната финансиска криза започна денеска во Брисел.
Европските лидери настојуваат на самитот да изнајдат заеднички став со кој што ќе излезат на светскиот самит на Г20 посветен на реформите во глобалниот финансиски состав, што идната седмица ќе се одржи во Вашингтон.
„За да отидеме во Вашингтон со заеднички став треба да се сослуша секој“, изјави пред почетокот на самитот францускиот претседател Николас Саркози, чија што земја претседава со ЕУ.
Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека постојат многу големи шанси за усогласување на заеднички став.
„Сакаме програма која што ќе спречи во иднина да се појавуваат вакви кризи“, изјави Меркел, додавајќи дека ЕУ сака поголема транспарентност и појаки институции кои делуваат на светско ниво.
Шефовите на државите или владите на членките на ЕУ за време на работниот ручек ќе дебатираат за предлогот на француското претседателство во кој што се задржани начелата за реформи на меѓународниот финансиски систем.
Француското претседателство очекува дека лидерите ќе се сложат околу предложените начела непосредно пред светскиот самит на групата Г20, што ќе се одржи на 15. ноември во Вашингтон.
Претседателството на ЕУ предлага зајакнување на контролата над финансискиот пазар, со цел во иднина да се спречи појава на криза, како оваа која што во моментот го потресува целиот свет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град