Конгресменот Рам Емануел прифати да ја извршува должноста шеф на кабинетот во Белата куќа, во администрацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама.
Конгресменот Рам Емануел прифати да ја извршува должноста шеф на кабинетот во Белата куќа, во администрацијата на новоизбраниот претседател Барак Обама.
Веста која ја објави весникот Политико од Вашингтон, синоќа ја потврдија и американските електронски медиуми.
Неговото именување е првата важна кадровска одлука на Обама по надмоќната победа на претседателските избори во вторникот, а Емануел понудата ја разгледувал од средата.
Кругови блиски до Емануел наведуваат дека тој ја прифатил должноста да за биде дел од „историската администрација“ во Вашингтон, иако постоела можност да стане претседател на Претставничкиот дом на Конгресот.
Емануел (49) е две години постар од Обама и важи за политичар од центарот, со фајтерски политички стил, а му се припишуваат големи заслуги за демократското освојување на Конгресот на изборите во 2006.
Шефот на кабинетот на претседателот на САД или „Шеф“ како што го нарекува персоналот во Белата куќа се смета за втора најмоќна личност во Вашингтон.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град