Не стивнуваат пожарите во Грција

Во Грција не стивнуваат шумските пожари на полуостровот Пелопонес, на Крит и во регионот на Коринт поради што се евакуирани повеќе села и е прогласена вонредна состојба.

 |   | 
pozar
pozar

Во Грција не стивнуваат шумските пожари на полуостровот Пелопонес, на Крит и во регионот на Коринт поради што се евакуирани повеќе села и е прогласена вонредна состојба.

Шест од вкупно осум авиони „Канадер“ се оштетени и се повлечени од гаснењето, има настрадани пожарникари, кои се хоспитализирани, соопштуваат денеска медиумите во Атина.

pozariОгнот во областа Ахаја, северно од градот Патра, на полуостровот Пелопонес, беснее од вчера и досега уништил ниви и насади. Во некои региони на областа е прогласена вонредна состојба.

Вчера биле евакуирани и жители од село во близина на градот Ханија, на островот Крит, откако огнот стигнал до првите куќи на населеното место. Властите прогласија тревога дека пожарот е надвор од контрола.

Четвртти ден беснее и пожарот во регионот на Коринт, уништувајќи стотици декари шумски површини. Силните ветрови и големиот број огништа ја отежнуваат работата на пожарникарите. Во борбата со пламените јазици учествуваат копнени и воздушни средства и армиски единици. Испратени се возила и пожарникари од други региони.

Во оперативниот центар на противпожарната служба се наоѓа и министерот за општествен ред и заштита на граѓаните Никос Дендиас.
За голема опасност од пожари денеска предупредува и грчката Цивилна заштита. Како региони во опасност повторно се посочуваат полуостровот Пелопонес, северниот дел на Егејско море, областа Атика и островот Крит.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top