Откривање на сторителите на пожари, побара струшкиот командир на Противпожарната едница Урим Каба, на денешниот состанок на Советот за првенција и заштита во летниот период.
Откривање на сторителите на пожари, побара струшкиот командир на Противпожарната едница Урим Каба, на денешниот состанок на Советот за првенција и заштита во летниот период. Загрижува фактот што од 298 пожари кои се случиле лани сите се со oзнака непознат сторител, нагласува командирот Каба.
„Огромен број од кои ни еден н е е откриен. Апелирам до надлежните органи овие предизвикувачи на пожари да ги откријат бидејќи е невозможно ние да интервенираме на разни локации. Се соочуваме со застарен возен парк, лимитиран број на вработени и не може да постигнеме на сите интервенции“, укажува Каба.
Во соседна Струга и понатака противпожарната единица ќе интервенира со застарен возен парк. Имаат потреба и од вработување на повеќе пожарникари. За 4-те возила со кои располагаат направени се напори да бидат редовно одржувани и сервисирани. Противпожарната автоцистерна која датира од 1971 година е вон употреба заради неисправен мотор. Во меѓувреме, струшкиот командир побарал решение со позајмица на вакво возило од друга единица.
„ Побаравме од противпожарната бригада од Скопје да ни отстапи привремено или на подолг временски период една противпожарна цистерна за ова лето за да немаме проблеми при гасењето на пожари“, напоменува командирот.
За шест месеци од годинава пожарите во Струга и околината се во благ пораст. Во споредба со истиот период лани се интервенирало во 75 случаи, а во изминативе шест месеци, имало 6 интервенции повеќе. За престојниот летен период струшката противпожарната единица ги презеде сите мерки за заштита од пожари, информира нејзиниот командир Урим Каба. Имавме разговори со месното население и поделивме флаери и брошури за да влијаеме на подигање на јавната свест вопревнција на пожарите, нагласува Каба. Она што загрижува е што во април, мај и јуни биле изгаснати 36 пожари на отворено, од кои 6 биле шумски пожари. Главно причините за пожарите бил човечкиот фактор каде што се уништени над 100 хектари мешана шума во Караорман над селото Глобочица и над селото Октиси.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град