Во Москва во следните 100 година нема да се одржуваат геј-паради. Ова е одлуката на градскиот суд, со која се потврдува негативниот одговор на барањето на геј-активистите за одржување на парада.
Во Москва во следните 100 година нема да се одржуваат геј-паради. Ова е одлуката на градскиот суд, со која се потврдува негативниот одговор на барањето на геј-активистите за одржување на парада.
ЛГБТ активистите бараа дозвола за одржување на геј-парада во следните 100 години, односно активистите на движењето „Геј Русија“ бараа одобрување за одржување на 102 собири во следните 100 години на Плоштадот Балатанаја, каде се одржуваат и антирежимските протести.
Лидерот на движењето Николај Алексеев најави жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, истакнувајќи дека не ни очекувале да добијат дозвола, но оти сега имаат повод да се обратат до Стразбур.
ЛГБТ активистите минатите години се обидуваа да одржат неколку легални јавни собири во Москва, кои главно завршуваа со напади од страна на противниците на таквите манифестации и масовни приведувања, како што беше случајот на 27 мај. Организаторите тогаш добија дозвола за организирање на марш против сите облици на дискриминација под името „Марш на срцата во пламен“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град