Со голем поп концерт синоќа продолжија манифестациите во чест на дијамантскиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора, односно 60 години откако е на престолот.
Во Лондон околу 18 илјади посетители го следеа концертот со поп ѕвездата Роби Вилијамс пред Бакингамската палата.
Британската кралица Елизабета, без хоспитализираниот сопруг, принцот Филип, но придружувана од сите други членови на нејзинито семејство, синоќа присуствуваше на спектакуларниот кралски концерт во чест на одбележувањето на нејзиниот дијамантски јубилеј – 60-годишнината откако е на престолот на Обединетото Кралство.
Пред почетокот на концертот, во градината на Бакингамската палата, приреден е пикник на кој што присуствувале 12.000 добитници на лотарија. Секој од гостите добил корпа со разни деликатеси – димен шкотски лосос, ледена супа од зеленчук, пилешко, сирење, чајни колачи од јагоди одгледани на имотот на 86-годишната кралица.
Концертот почна со настапот на Роби Вилијамс, кој го измени текстот на својата песна за да биде прилагоден на јубилејот на кралицата, а поп спектаклот заврши со настапот на Пол Макартни. Славниот „Битлс“ изведе неколку песни од времето на прославената ливерпулска четворка. Неговата песна „Live and let die“ од истоимениот филм за Џемс Бонд, беше изведена со огромен пиротехнички спектакл околу сцената, додека некогашниот хит „Облади, облада“ Макартни го испеа заедно со сите учесници на концертот и со публиката собрана пред сцената и по околните паркови.
Покрај овие две ѕвезди на британската поп музика, на концертот настапија и низа домашни пејачи од разни генерации, како Клиф Ричард, Том Џонс, Елтон Џон, Ширли Бејси, Ени Ленокс, Грејс Џонс, Гери Барлоу, Шерил Кол, Џејси Џеј и ЈЛС, но и странските ѕвезди Кајли Миног и Стиви Вондер. Концертот го заокружи групата „Меднес“, која настапи од покривот на Бакингамска палата и уште неколкумина странски и домашни изведувачи на класична музика.
На крајот од концертот, кралицата дојде на сцената за да
им се придружи на изведувачите, кои заеднички и‘ го честитаа големиот јубилеј. Нејзиниот син Чарлс и‘ се заблагодари во името на сите Британци за нејзините 60 години во служба на народот.
Четиридневната прослава завршува утре, со миса на благодарноста во катедралата Сент Пол, по што ќе следи обраќање на
кралицата до граѓаните, од балконот на Бакингамската палата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град