Џамијата Челеби да се препушти на професионалци

Реакција за уривањето на дел од 5 вековната стара џамија во Струга пристигна од општинскито огранок на ДПА.

 |  Валентина Неловска  | 
lov
lov

Реакција за уривањето на дел од 5 вековната стара џамија во Струга пристигна од општинскито огранок на ДПА. Муфтијата Ферат Полиси и градоначалникот Рамиз Мерко со злоупотреби на нивните позиции го оцрнуваат имиџот на стружани, истакна на прес конференција, Лавдрим Елмази, претседател на општинскиот огранок на ДПА. Верниците од исламската вероисповед заслужуваат достоинствена џамија, но наместо да се руши џамијата стара 5 века, можеше да се најде место за  изградба на нова, рече Елмази. На прашањето дали зад уривањето на џамијата стојат нечии интереси, претседателот на ДПА, со став.

ob„ Уривањето на џамијата  оставаме да го испита полицијата, ние не сме дел од нивната цел. Нешто друго  покажуваат пред граѓаните дека тие сакаат да го срушат само поновиот  дел од објектот, а делот од Отоманскиот период да се чува, а новиот дел да го градат како албанска џамија. Во консултација со архитектите албанска џамија не постои во исламот“, нагласува Елмази.

Мустафа Челеби џамијата е културно историски споменик од Османлискиот период, па викендов во посета на џамијата биле преставници од Турција кои се сретнале со струшкиот муфтија. Ова информација ја потврдува  Елмази.

 „Имаме информација дека биле во посета. Им рекле дека тоа ќе е само реконструкција, а не рушење на џамијата. Пред народот се покажуваат дека тие се за чување на џамијата, а реално гледаме дека почна  уривање на 5 вековната џамија со тешка механизација.“

 ДПА и нејзините структури од Струга се дистанцираат од неодговорните дејствија  направени врз џамијата Мустафа Челеби. Струшкото муфтиство да даде отчет пред граѓаните за безредието што го направи во градот, а реконструкцијата да ја остави во рацете на професионалци, а  не на злоупотребувачите Мерко и Полиси, побара Лавдрим Елмази, претседателот на огранокот на ДПА.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top