Иран се заканува дека ќе ја дигне „Кристалната сала“ во воздух!
Улични демонстации, нереди, протерување на амбасадорот и целиот персонал на амбасадата на Иран во Баку, затварање на границите, полициска контрола на секое ќоше, терористички закани… Ова не е сценарио од филм, ова е моменталната состојба во главниот град на Азербејџан, во кој се одржува изборот за песна на Евровизија. Иран се заканува дека ќе ја дигне кристалната сала во воздух. Околу сите хотели во кои се сместени евровизиските делегации, како и во околината на прес центарот распоредени се полициски сили кои буквално го контролираат секој минувач.
Покрај политичките годинашниов Евросонг и со организациски проблеми. По завршувањето на првата полуфинална вечер голем број на коментатори и известувачи поднесле жалба бидејќи ништо не било направено по сценарио, а и во текот на преносот откажал дел од техниката, па така некои претставници останале без мониторинг.
Како и да е, едно е сигурно, ова ќе биде едно од највозбудливите изданија на Евросонг.
Македонија вечерва ќе ја претсави Калиопи со песната Црно и бело.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град