Најголемата комерцијална банка во Германија, „Дојче Банк“ синоќа најави дека не планира да користи средства од владиниот план за спас на германскиот финасиски сектор.
Најголемата комерцијална банка во Германија, „Дојче Банк“ синоќа најави дека не планира да користи средства од владиниот план за спас на германскиот финасиски сектор.
Претседателот на „Дојче Банк“, Јозеф Акерман изјави дека банката е силна и дека во сегашните услови нема да биде дел од планот за спас.
Минатата недела банката соопшти дека и покрај економската криза, во третиот квартал од годинава остварила профит, што не е случај со другите поголеми банки кои се најдоа на удар на глобалната криза на финасискиот пазар.
Барања за добивање помош од Владата во Берлин досега поднесоа две германски банки, а уште две други најавија дека размислуваат дали да побараат поддршка од државата за надминување на последиците од финасиската криз.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град