„The Avengers“ лапна една милијарда на кино благајните

Само 19 дена по премиерата, The Avengers, филм на чии визуелни ефекти работеше и тим од Македонија, од светските кино благајни собра над милијарда долари.

банер
baner

Само 19 дена по премиерата, The Avengers, филм на чии визуелни ефекти работеше и тим од Македонија, од светските кино благајни собра над милијарда долари.

Супер хероите на Марвел на филмското платно првиот викенд по прикажувањето донесоа 207,4 милиони на домашен терен, а веќе вториот викенд уште 103,2 милиони.
 
Но, со заработувачката од прикажувањето во уште 54 земји низ светот, на крајот се доби бројка од над 1 милијарда долари. Уредник од Boxoffice.com изјавуваат дека The Avengers останува филм кој мора да се погледне.

екипа одмазници„Уште многу ќе се заработува од филмот,“ изјавил Роберт Игер, ЦЕО на Дизни, компанија што го дистрибуирa филмот.

Од македонскиот тим од ФХ3Х кој работеше на визуелните ефекти на The Avengers, по повод премиерата изјавија дека овој проект е сигурен кандидат за Оскар.

„Работата на проектот претставува уште едно продолжување на нашата соработка со најголемата холивудска компанија за визуелни ефекти – Индустриал Лајт анд Меџик со уште еден фантастичен филм од самиот врв на холивудската продукција.

Нивото на визуелните ефекти во овој филм е навистина врвно, досега невидено. И покрај тоа што е прва половина на годината, мислам дека овој филм е сигурен кандидат за Оскар,“ изјави Кристијан Даниловски, сопственик и извршен продуцент на ФХ3Х.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top