Предвидувањата за 21 век, мрачни

Соединетите Американски Држави во овој век ќе станат индустриски приврзок на Азија; Кина и Индија ќе западнат во хаосот на граѓанските војни, а Русија ќе се богати на нафта.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Соединетите Американски Држави во овој век ќе станат индустриски приврзок на Азија; Кина и Индија ќе западнат во хаосот на граѓанските војни, а Русија ќе се богати на нафта.

Ова се предвидувањата на професорот по економија на американскиот универзитет Принстон Авинаш Диксит.
69-годишниот Диксит е роден во Индија и тој предвидува дека 21 век ќе стане „епоха на урагани“ во светската економија, бидејќи со забрзаниот раст и еуфоријата ќе следуваат и глобалните кризи, слични на онаа што почна во 2008 и која сè уште не е завршена.
Диксит смета дека особено големи кризи им се закануваат на САД во 21 век, објавува руската интернет-страница Финмаркет (finmarket.ru).Дикдит разработил неколку сценарија за кризите што ќе се срушат врз светската економија во овој век и кои главно ќе бидат предизвикани од неспособноста на светските лидери да се договорат и на луѓето да ги сменат сопствените навики.
Европа и САД ќе ја повторат судбината на Јужна Америка од најцрните денови – од периодот од 1970-тите до 1990-тите години, и тие повремено забрзано ќе зајакнуваат, но во поголем дел од векот ги чека стагнирање.
Тие економии, според Диксит, паднале во замката на лошата демографија и неефикасното водење, и ниту САД ниту Европа нема да можат да се извлечат од долговите и да ги избегнат кризите на валутите.
Би било добро жителите на САД и на Европа во тие услови да се потрудат и повеќе да работат, но Диксит смета дека тоа не е многу веројатно.

afrikaАмериканците, според него, ќе го бранат своето уставно право да трошат, вклучувајќи го и тоа за што немаат пари. Дефицитот на трговскиот биланс ќе расте, а САД за своите проблеми ќе ги обвинуваат трговските партнери, како на пример Кина.
Светот ќе зависи од потрошувачката во САД, па земјата и понатаму ќе добива кредити и ќе продолжи да живее на сметка на задолжувањето.
Забавениот раст на американската економија и зголемувањето на задолженоста ќе доведат до технолошко заостанување на САД во однос на другите земји, првенствено на тие во Азија.
САД ќе го повторат патот на Кина, која во 1400-те години го загуби светскиот примат, а тоа заостанување успеа да го надомести дури по шест века.

Во САД извесно време власта ќе ја имаат конзервативците, кои под притисок на религиозните групации ќе ги забранат истражувањата во областа на биотехнологијата, по што надоместувањето на заостанувањето зад другите земји ќе стане невозможно, укажува Диксит.Од губењето на технолошкиот примат корист ќе имаат само необразованите и неквалификувани Американци.
Во Кина, пак, ќе се развиваат високотехнолошките гранки, додека производството на разните пластични ситници и монтажата ќе се вратат во Америка, која повторно ќе стане индустриска земја.
Кина и Индија во 21 век и понатаму брзо ќе јакнат. Но тој раст ќе биде неизедначен, при што прва на списокот со проблеми ќе избие нееднаквоста, што ќе биде основа за појава на постојани конфликти.
Двете најмногубројни земји во светот ги очекуваат низа терористички напади и оружени конфликти, поради што тие ќе мора да го зголемуваат буџетот за одбрана и вооружување, предупредува Диксит.
При тоа, во Кина и Индија ќе бидат намалувани државните инвестиции во инфраструктурата и поддршката на производството, а со текот на времето приливот на странски инвестиции ќе пресуши и многу компании ќе ги напуштат тие земји, што ќе биде почетокот на нивното економско забавување.
Песимистичките предвидувања на Диксит подразбираат и дека сите преговори за реално намалување на емисиите на гасови поради ефектот на стаклена градина и спречување на глобалното затоплување ќе пропаднат, а ограничувањата ќе ги почитуваат само Германија и скандинавските земји.
Сите други повремено отворено ќе ги игнорираат, како на пример САД, кои ќе се правдаат со сложеноста на внатрешната политика, или воопшто нема да ги почитуваат, како Индија и Кина, бидејќи светот така нема да може да се откаже од својата зависност од јаглен и нафта.
Тоа, меѓутоа, е добра вест за земјите-извознички на нафта, вклучувајќи ја и Русија, се наведува во написот.

Европа ја очекуваат социјални немири бидејќи нејзиното население нема да се откаже од навиката по цел ден да седи по кафани и ништо да не работи, пишува Диксит. Таквиот начин на живот ќе го спонзорираат другите држави со посредништво на ММФ и банките. Европејците ќе ја научат лекцијата од актуелната криза – доколку на банките им должат милијарда долари, тогаш се во рацете на банките, но доколку должат илјада милијарди, тогаш банките целосно зависат од нивната волја.
Диксит им советува на сите држави да почнат да штедат за црни денови и како пример го истакнува Чиле, кој во почетокот на 2000 имал прилика да заработи на зголемувањето на цената на бакарот, но владата не ги потрошила парите, туку натрупала златни резерви, кои ѝ помогнале на земјата да не потоне во долгови кога цената на бакарот паднала во 2008.
Во идеалниот свет таквата политика, според мислењето на професорот Диксит, треба да се комбинира со различни мерки за развој на инфраструктурата, зголемување на квалитетот на образованието и управувањето, како и за борба против нееднаквоста.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top