Србите се запуштиле

Секој четврти Србин не ги мие редовно рацете, речиси секој втор се тушира помалку од три пати неделно.

race
раце

Секој четврти Србин не ги мие редовно рацете, речиси секој втор се тушира помалку од три пати неделно, а буквално секој втор не ги мие забите секој ден! Во Србија речиси за една петтина е намалена продажбата на средства за лична хигиена.
Ова го покажува минатогодишното истражување на ГФК агенција за испитување на јавното мислење според кое 23 отсто граѓани на Србија помалку купуваат паста за заби, сапуни, шампони, а една третина купува ефтини стокови марки.

srbinПорасната е продажбата на литарски шампони, чија цена е под 100 динари, а падната е продажбата на скапите увозни шампони од 200 милилитри, чија цена е четири пати поголема. Повторно се актуелни сапуни од непознати производители и сомнителен квалитет, чија цена е за половина пониска од стандардната понуда.

Последните официјални потрошувачки мерења покажуваат дека за најосновна хигиена на просечно семејство месечно се потребни 815 динари. Одењето во продавница ја демантира статистиката. За тие исти артикли треба да се издвојат дупло повеќе пари.

„Порано одев во продавница без размислување и опуштено земав од рафтовите што ми беше потребно. Не беше проблем да земам и неколку шампони да испробам кој е најдобар. Меѓутоа, сега правам список, купувам само тоа што ми е неопходно и не правам резерви“ вели Славица Митровиќ, од Белград.

Не негираат и социолозите дека природно е меѓу лебот и сапуните граѓаните да се одлучат за леб.

„Луѓето помалку се капат, помалку се тушираат и ги мијат забите. Очекувано е да се намали купувањето на средства за лична хигиена, поради сиромаштијата. Но едно мора да биде јасно: не постои оправдување за неодржување на лична хигиена. Заштеда на водата, сапуните и пастите за заби е многу скапа бидејќи го загрозува здравјето“ вели д-р Јасмина Грозданов, началничка на Одделението за истражување на Институтот за јавно здравство во Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут”.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top