Јавноста е известена за најновите заканувања на Анонимуси. Имено, оваа хакерска група планира на 31 март да ја изведе операцијаата „Blockout“.
Јавноста е известена за најновите заканувања на Анонимуси. Имено, оваа хакерска група планира на 31 март да ја изведе операцијаата „Blockout“.
Анонимуси дури се изјасниле и во врска со тоа како планираат да го спроведат овој свој план на дело. Имено тие планираат да го оневозможат ДНС (Domain Name Server) што би требало да го блокира целиот интернет.
ДНС (DNS) служи за давање информации за тоа на која IP адреса се наоѓа некоја веб страна, претворајќи ги знаците од букви во испревртена IP. Нешто слично како телефонски именик на интернет адреси.
Во врска со оваа закана се изјаснил и британскиот професор, Алан Вудвард кој е специјалист за сајбер безбедност. Тој за Би Би Си (BBC) направил анализа за нападот на Анонимуси.
ДНС (DNS) е структуиран како пирамида со 13 сервери на највисоко ниво кои комуницираат со пониските нивоа се до дното. Доколку дојде до некоја промена на врвот тоа ќе се одрази и на сите останати нивоа, односно на целиот интернет. Од тоа тргнуваат и Анонимуси, околку успеат да ги онеспособат тие 13 сервери, автоматски ќе успеат и да го блокираат целиот интернет.
Вудвард, вели дека Анонимуси најверојатно нападот ќе го изведат низ DDOS (Distributed denial of service) . Тој тип на напад се темели на преплавување на веб серверите со премногу барања кои не стигнуваат да бидат обработени, при што доаѓа до блокирање на целиот систем.
Оваа техника хакерите ја искористија и за блокирање на страната на Интерпол. А веб специјалистите велат дека доколку серверот се преплави во доволна мера со барања тогаш може да се сруши секоја страница.
Но, тоа се само најбанални примери, работите би можеле многу да се искомплицираат бидејќи денеска голем број од луѓето својата работа ја вршат токму преку интернет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град