Француските власти прогласија тревога на највисоко „пурпурно“ ниво во југозападниот дел од земјата, додека полицијата трага по убиецот на 3 деца и нивниот наставник во вчерашниот напад во Тулуз.
Француските власти прогласија тревога на највисоко „пурпурно“ ниво во југозападниот дел од земјата, додека полицијата трага по убиецот на 3 деца и нивниот наставник во вчерашниот напад во Тулуз.
Повеќе од 100 полицајци се ангажирани во потрагата по убиецот. Балистичките анализи докажаа дека се работи за истиот напаѓач, кој минатата недела уби тројца француски војници од етничките малцинства во земјата.
Властите претпоставуваат дека нападите се организирани од ултра-националисти по примерот на норвешкиот Андерс Брејвик, додека, пак, француските медиуми шпекулираат оти се работи за тројца војници од Тулуз, кои биле отпуштени од армијата во 2008-ма година поради нео-нацистички активности.
Во меѓувреме, францускиот претседател Никола Саркози привремено ја откажа предизборната претседателска кампања.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град