Лидерот на македонските социјалдемократи, Бранко Црвенкоски одржа трибина во Струга.
Лидерот на македонските социјалдемократи, Бранко Црвенкоски одржа трибина во Струга. Синоќа, стружани покажаа голем интерес за економско- политичките случувања во земјава. Граѓаните констатираа и прашуваа за многу проблеми кои ги мачат од секојдневието, но најмногу интерес покажаа за етничкиот соживот во земјава. Прашуваа зошто никој не реагираше на неодамнешниот повик на еден албански политичар од ДПА кога побара од Европската Унија да им дозволи на Албанија и Косово да ги штитат интересите на македонските Албанци или кога бугарскиот Претседател отворено повторно ги присвои Браќата Миладиновци како бугари.
Опозициониот лидер на СДСМЦрвенкоски потенцираше дека напредокот на земјава во сите сегменти зависи од добрите меѓу етнички односи. Но, во земјава подолго време се создава амбиент за подигање на меѓу етничките тензии кои никому не му носат добро, рече Црвенкоски. За сите случувања се обвинува опозицијата иако ние секогаш сме за смирување на страстите, а не за подгревање на ситуациите. Црвенкоски потсети на претходните случувања на Скопкото кале, пописот и Вевчанскиот карневал.
„Денес сме сведоци на секојдневните инциденти кои имаат етничка позадина. Го слушам Груески вели идиотска е тезата дека власта ова го режира. Јас не тврдам дека го режирала туку во подолг временски период власта неодговорно создаваше амбиент за да можат да почнат вакви работи да се случуваат“, истакна Црвенкоски.
На трибината стана збор и за останатите актуелни случувања во економијата и демократијата. Црвенкоски истакна дека Македонија станува земја во која се владее со лаги и страв. Власта се служи со закани, притисоци и уцени што е видливо на секој чекор. Колку животот им станува потежок на луѓето толку и лагите на власта се поголеми, кажа Црвенкоски.
„Се чудам јас и Вие како не можеме да ја видиме таа убавина околу нас. Како не можеме да видиме дека Македонија е држава во која тече мед и млеко. Ваков расчекор помеѓу суровата реалност и она што се продва какао лажна слика за општеството немало нити во комунизмот, истакна опозицискиот лидер на СДСМ.
Се одлучивме да одржуваме трибини со луѓето за да им ги кажеме реалните факти, затоа што само добро информираните граѓани можат да донесат вистински одлуки за својата иднина. Народот ја дава и зема власта и одлучува до кога ќе живее во беда и страв, порача пред присутните Црвенкоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град