Ем лошо градена, ем без сообраќајни критериуми

Подизведувачот на градежните работи „Илинден“ ќе ги санира проблематичните шахти на Железничка.

 |  Валентина Неловска  | 
Zeleznicka
Железничка

Подизведувачот на градежните работи „Илинден“ ќе ги санира проблематичните шахти на Железничка.

Санацијата на оваа улица ја побарал Надзорниот орган на Агенцијата за државни  патишта. Директорот на ГП„Илинден“, Раде Трајкоски има објаснување за проблемот со шахтите. Тој за ТВМ потврдува дека главоболка им задаваат шахтите каде што поминува линијата на стариот колектор. Трајкоски истакна дека за санација на проблемот веќе нарачале специјални капаци за шахти од увоз, кои  ќе бидат поставени веднаш по пристигнувањето. Исто така, Трајкоски кажа дека со подобрување на временските услови и отварањето на асфалтните бази ќе се постават и 5 цм асфалт. Даде одговор и на прашањето дали Владата должи пари за завршените градежни работи на Железничка.

soobrakaen znak„Владата на РМ не должи ни денар за изградбата на Железничка. Но, затоа пак  изведувачот Алпина должи на подизведувачот „Илинден“ 30 милиони денари.  

Што се однесува пак, кон критиките дека  Железничка е небезбедна сообраќајница, се приклучува и сообраќајниот инжињер Зоран Шикалоски, раководител на одделението за Комунален развој и сообраќај при Локалната самоуправа. Шикалоски вели, при изградбата на Железничка не се  запазени три клучни безбедносни критериуми. Сообраќајницата нема лева сообраќајна лента, нема кружна раскрсница за полукружно  свртување на возилата и тоа што е најважно, обиколница не смее да поминува низ густо населено место. Сега голем број  куќи излегуваат директно на Железничка. Шикалоски до Агенцијата за државни патишта, пред почетокот на изградбата на Железничка како магистрален пат или трансверзала, барал да се најде друго сообраќајно решение. Железничка како заобилоклница  била планирана пред 30 тина години кога тука немало  изградени куќи. Во низата пропусти кои ги наведува Шикалоски го додава и пропустот на системот за наводнување на жардињерите.

„Повторно, ќе мора да се копа за да се вгради систем за одржување на зеленилото. Голем недосток е и тоа што нема можност за обележување  велосипедска патека заради немањето трета сообраќајна лента. Сите тие околности улицата ја прават опасна, а најзагрозена е безбедноста на пешаците и велосипедистите, вели  Шикалоски.

sahta„Таа сообраќајница е набрзина градена, а се што е брзо градено и ќе се згреши. Овде се е набрзина градено па не се запазени безбедносните критериуми, а и квалитетот на градењето не е на високо ниво, смета Шикалоски.   

За да се зголеми безбедноста за учесниците во сообраќајот  на улицата Железничка, Шикалоски единствено решение гледа во изградба на нова заобиколница. Според него обиколницата  би поминувала на релацијата  Косел- Требеништа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top