Францускиот претседател Никола Саркози се закани дека ќе се повлече од Шенген зоната.
Францускиот претседател Никола Саркози се закани дека ќе се повлече од Шенген зоната доколку не се преземат построги мерки за сопирање на нелегалната имиграција. За време на говорот во Париз, кој е дел од предизборната кампања, претседателот изјави дека реформите се единствениот начин да се избегне „имплозијата“ на Европа, пренесува Би-би-си.
Тој кажа дека доколку не се постигне напредок во следните 12 месеци, Франција ќе го суспендира учеството во Шенген договорот.
Договорот овозможува слободно патување, без пасош, меѓу 25 европски нации. Нелегалната емиграција е едно од главните прашања во предизборната трка за нов претседател на Франција.
Минатата недела Саркози изјави дека во Франција има премногу странци – и вето дека ќе го преполови бројот на емигранти кои влегуваат во државата доколку биде реизбран.Првиот круг на изборите е закажан за 22 април. Саркози во моментов заостанува зад кандидатот на Социјалистите, Франсоа Оланд.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град