Двајца белци расисти се уапсени во американската држава Тенеси во врска со плановите да извршат масовно убиство и евентуално да го застрелаат Барак Обама.
Двајца белци расисти се уапсени во американската држава Тенеси во врска со плановите да извршат масовно убиство и евентуално да го застрелаат Барак Обама, претседателски кандидат на Демократската партија на претстојните избори во САД, се вели во судски документ за кој синоќа јавија американските медиуми.
Даниел Коварт (20) и Пол Шлесеман (18) со кривичната пријава се обвинети дека му се заканувале на претседателскиот кандидат Обама, незаконски поседувале пушка и планирале да ограбат продавница за оружје.
Според судскиот документ, заговорот не бил во поодмината фаза ниту делувал убедливо.
Американската тајна служба, федералната агенција за безбедност, поради загриженост за животот на Обама, уште во раните фази на кампањата воведе 24-часовна заштита за 47-годишниот сенатор од Илиноис.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град