Мачорот Ханк кандидат за американскиот сенат во Вирџинија

Гласачите во американската сојузна држава Вирџинија помеѓу кандидатите ќе имаат шанса да гласаат и за мачорот по име Ханк.

 |   | 
macor
мачор

Гласачите во американската сојузна држава Вирџинија помеѓу кандидатите ќе имаат шанса да гласаат и за мачорот по име Ханк.

macorot Henk

Тој има бројни приврзаници на друштвените мрежи “Фејсбук“ и “Твитер“, но и на сопствената интернет страна.

На неговата официјална страна “Ханк“ пишал едноставно “мјау“ доколку од него се бара да ги сумира своите чувства за иднината на Вирџинија, “мјау“.

“Кога ќе бидам избран во Сенатот, ќе работам напорно да обезбедам доволно млеко ширум оваа прекрасна земја“, наведува Ханк, а пренесува американскиот дневник “Вашингтон Пост“.

Неговите противкандидати се двајцата поранешни гувернери на Вирџинија републиканецот Џорџ Ален и демократот Тим Кејн.

Слични кампањи не се невообичаени во САД и често пати биле успешни.

Во текот на 80-тите години од минатиот век црното куче мешавина од расите лабрадор и ротвајлер по име Боско Рамос бил градоначалник на Сунола во Калифорнија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top