Американската морнарица го тестираше топот на Никола Тесла

Американската морнарица развива електромагнетен топ способен да испука проектили на одалеченост од  50 до 100 наутички милји со брзина 7 пати поголема од брзината на звукот.

 |   | 
proektil
проектил

Американската морнарица развива електромагнетен топ способен да испука проектили на одалеченост од  50 до 100 наутички милји со брзина 7 пати поголема од брзината на звукот.

Исфрлената муниција од 12 метарскиот топ се движи со брзина и до 9.010 км на час, што е седум пати побрзо од звукот. Желбата на американската морнарица е топот да исфрлува до 10 парчиња муниција во една минута, односно на секои шест секунди! Проектилот кој го исфрлува е тежок 18 килограми и потребно е да се испита дали можат проектилите и вградениот систем за сателитско следење да го поднесат таквото исфрлување.  Заради огромната моќ на оружјето, можеби нема да биде потребно супер-топот да испалува проектили со боеви глави.

Медиумите потсетуваат за истражувањата на Никола Тесла, за кои се верува дека се крјат тајните за моќта на електромагнетни оружја, а исчезнале набргу по неговата смрт, и дека Американците на основа на тие истражувања го развиваат оружјето кое е тестирано . Оружјето на 21-от век, како што го нарекуваат руските експерти, се тестираат неколку години, и американските експерти во областа на одбраната се задоволни со конечните тестови.
elektromagneten top
Овој супер-топ е во развој од 2005 година и ја чинеше досега Американската морнарица 240 милиони долари. Слични средства се предвидуваат да бидат потрошени за истиот се до 2017 година кога се очекува оружјето да биде готово.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top