Украле мост и го продале како старо железо

Двајца мажи украле мост во југозападниот дел од Полска и го продале на делови, известува полицијата од месноста Вроцлав.

 |   | 
most
мост Полска

mostДвајца мажи украле мост во југозападниот дел од Полска и го продале на делови, известува полицијата од месноста Вроцлав.

Мостот кој го употребувал локалниот рудник, бил расклопен на неколку делови кои крадците ги носеле еден по еден во фабриката за рециклирање на метал.

Крадците биле фатени сосема случајно, наведува „Риа Новости“. Тие ја пренесувале последната тура железни делови, кога им се расипал камионот.

Обезбедувањето на рудникот, забележал сомнителен камион кој бил паркиран преку патот и веднаш повикале полиција.

Не е сосема јасно како лицата од обезбедувањето не забележале дека мостот полека исчезнува, но затоа јасно е дека на крадците им се се заканува затворска казна од 5 години, доколку бидат осудени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top