Можно ли е помилување на Тимошенко?

Јулија Тимошенко издржува седумгодишна затворска казна за злоупотреба на власта при договарењето на гасната спогодба со Русија во 2009 година.

 |   | 
Timoshenko
Тимошенко

TimoshenkoЗа да се разгледа прашањето за евентуално помилување на поранешниот премиер на Украина Јулија Тимошенко неопходно е разгледувањето на кривичното дело против неа да заврши во сите судски инстанци, за украинската телевизија вчера изјави претседателот Виктор Јанукович, цитиран од руските медиуми.

Јанукович потсети дека процесот за нејзиното кривично дело веќе ја мина првичната и апелациската фаза и сега жалбата на одлуката на овие инстанци се разгледува од Касацискиот суд.

Освен тоа, со прифаќањето на новиот кривично-процесен кодекс може да се појави можност за обжалување на делото во уште една судска инстанца, рече тој.

-Ако го прифатиме новиот кодекс, ќе се појави таква можност. Јас сакам ова прашање да се разгледа согласно новиот кодекс, забележа претседателот, подвлекувајќи дека во сегашната варијанта на кодексот тоа е невозможно.

Прашањето за евентуално помилување може да се постави само откако судскиот процес заврши и се стави точка. И ако има таква процедура – а таа почнува со молба од осудениот до претседателот – претседателот има комисија која ја разгледува. Тогаш веќе прашањето допира до мене, рече Јанукович.

Јулија Тимошенко издржува седумгодишна затворска казна за злоупотреба на власта при договарењето на гасната спогодба со Русија во 2009 година.

Западот ја осуди пресудата како политичка, потсетуваат американските медиуми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top