Ајнштајн бил во право – ЦЕРН погреши

Алберт Ајнштајн бил во право со својата теорија за релативитет, додека научниците од Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) направиле грешка.

 |   | 
Einstein
Алберт Ајнштајн

 

EinsteinАлберт Ајнштајн изгледа бил во право со својата теорија за релативитет, додека научниците од Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) направиле грешка, тврдејќи дека субатомските честички се побрзи од светлината.

Резултатите од истражувањето на ЦЕРН “Опера“, кои на крајот на септември го потресоа научниот свет покажувајќи дека субатомските честички се побрзи од светлината, се покажа дека се неточни заради лошата конекција.

“Лошата конекција меѓу системот за глобално позиционирање ГПС и компјутерите како последица имало грешка“, објави американското списание “Наука“ на својата веб страна.
Нови истражувања, сепак, ќе бидат неопходни за да се потврди теоријата дека лошата врска меѓу ГПС системот и електронската картичка во компјутерот влијаеле на резултатот на мерењето, заклучено е во текстот во “Наука“.
Научниците сега планираат повторно да ја измерат брзината на неутрините веднаш штом Големиот хадронски колајдер почне со работа во март.
CERN

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top