Британците не смеат да зуцнат

Владата сака да собира податоци за текстуални пораки, телефонски повици, мејлови, посетени сајтови, разговори на Фејсбук и Твитер, па дури и четови на онлајн-игри, пренесуваат британските медиуми.

 |   | 
britanskata vlada ke spiunira
britanskata vlada ke spiunira

Според иницијативата наречена Програма за развој на комуникациските можности (Communications Capabilities Development Programme), податоците ќе се чуваат една година и ќе им бидат достапни на тајните служби.

Сигурносната шема ќе бара од интернет-провајдерите, операторите на фиксна и мобилна телефонија да ги следат своите клиенти, и сето ова поради борбата со терористите.

„Британија веќе е една од најшпионираните нации надвор од Интернет-мрежата, а ова е обид на истиот начин да се следи и нашиот онлајн-живот“, изјави директорот Ник Пиклс на организацијата Биг брадр воч (Big Brother Watch) за Дејли меил.

Планот треба да почне да се реализира во мај годинава. Ова е нова верзија на стариот план претставен во ноември 2009, кој беше повлечен поради недостиг од поддршка на јавноста. Тогаш критичарите тврдеа дека планот ќе овозможи „безгрижно снимање на приватноста“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top