Американците подготвени за иранските камикази бродови во Персискиот залив

Иран ги засили морнарските сили во Персискиот залив и подготви бродови што  може да бидат употребени во самоубиствени напади, но американската морнарица може да го спречи да го блокира Ормутскиот теснец, изјави командантот на американските морнарички сили во тој регион, Марк Фокс.

 |   | 
Persiski zaliv
Персиски залив

Иран ги засили морнарските сили во Персискиот залив и подготви бродови што  може да бидат употребени во самоубиствени напади, но американската морнарица може да го спречи да го блокира Ормутскиот теснец, изјави командантот на американските морнарички сили во тој регион, Марк Фокс.

Persiski zalivИран во текот минатите недели повеќе пати се закануваше дека ќе ги блокира бродовите што пловат во Персискиот залив или ќе ги нападне американските сили, ако заради санкциите биде прекината неговата трговија со нафта или ако биде нападната неговата спорна нуклеарна програма.

– Тие го зголемија бројот на подморници и бродови за брзи напади. Некои од помалите бродови се опремени со големи боеви глави што можат да бидат употребени како експлозивни направи за самоубиствени напади. Иранците имаат голем мински инвентар – рече вицеадмиралот Фокс.

– Ние со големо внимание следиме како ги развиваат ракетите со голем и мал дострел, балистичките ракети за среден и голем дострел и секако, развојот на нивната нуклеарна програма, рече Фокс, кој се наоѓа на чело на Петтата американска флота, јавуваат агенциите.

Тој додаде дека Иран во овој момент има десет мали подморници. Фокс рече дека американската морнарица е подготвена за напад или за проблемите во Персискиот залив и дека има широк спектар на подготвени опции кои може да му ги понуди на американскиот претседател Барак Обама.

Тој, меѓутоа, рече дека на дипломатијата треба да и се даде приоритет кога е во прашање смирувањето на тензиите. Европската унија минатиот месец донесе одлука за воведување ембарго на иранска нафта, кое во целост треба да стапи во сила на 1 јули.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top