Ова сензационално предвидување наводно го открил кардиналот Паоло Ромео за време на последната посета на Кина во ноември минатата година. Тој бил сосем уверлив при средбите со луѓето со кои разговарал, вклучувајќи ги и италијанските деловни луѓе, како и претставниците на католичката црква во Кина, кои добиле впечаток дека навистина станува збор за обид за атентат на поглаварот на Римокатоличката црква.
Изјавите за атентат на Папата веднаш го алармирале Ватикан, а коментарите на луѓето виле напишани на таен документ од 30 ноември минатата година и тие му биле презентирани на Папата. Ватикан за ваквите тврдења отворил истрага.
Извештајот за атентатот е напишан на германски јазик., за да биде ограничен бројот на луѓето кои би можеле да го разбрат доколку ненамерно заврши во туѓи раце. Во извештајот се предупредува на „Mordkomplott“, односно смртен заговор против Бенедикт.
Приказната за овој таен документ денеска ја објави италијаснкиот дневен весник „Il Fatto Quotdiano“ (Ил Фато Куотдиано) со наслов „Заговор против Папата, ќе умре во наредните 12 месеци“. Овој весник кој инаку нема репутација на сензационалистички, ја овјави и страницата од доверливиот документ.
„За време на разговорите во Кина, кардиналот Ромео ја предидел смртта на Бенедикт XVI во наредните 12 месеци. Неговите забелешки биле изречени со голема прецизност и резолутност дека луѓето со кои разговорал помислиле дека нападот на Папата бил веќе испланиран“, наведува весникот.
Кардиналот Ромео ниту помислувал дека за неговите индискретни забелешки што ги направил за време на патувањето во Кина ќе биде известен Ватикан. Кога било побарано од него да го коментира целиот сличај, тој единствено рекол оти забелешките се невтемелени.
„Тоа е толку нестварно, што воопшто не треба да биде земено предвид“, рекол Ромео. Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди изјави дека извештајот е толку
неверојатен што не може да го коментира. Сепак, тој не демантирал дека Ватикан добил таен документ со таква содржина.
Кардиналот Ромео, е најверојатно наследникот на Папата, заедно со кардиналот Анџело Скола. Наводно Ромео на своите контакти во Кина им рекол дека Папата не може да го поднесе државниот секретар Таркисио Бертоне.
Експертите велат дека објавата на овој документ е најверојатно дел од борбата за власт внатре во администрацијата на Ватикан со која се прави обид Бартоне да ја напушти функцијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град