Кој заработува од екстремните студови во Европа?

Францускиот весник “Фигаро“, ја обработува темата за поларните студови кои ја зафатија Европа од сосема друг агол. Студот е голем непријател на некои индустрии, додека за други е вистинска придобивка, пишува “Фигаро“.

 |   | 
kako
kako

Францускиот весник “Фигаро“, ја обработува темата за поларните студови кои ја зафатија Европа од сосема друг агол. Студот е голем непријател на некои индустрии, додека за други е вистинска придобивка, пишува “Фигаро“.
supa i kako
Оние на кои поларната зима им одговара во бизнисот беа силно засегнати од топлата есен и на почетокопт навистина меката зима. Сега студовите на пример ја стимулираат продажбата на супи. Овој производ забележал раст во продажбата од 16 отсто, и тоа само за една недела, додека во декември овој производ имал пад од 9,2 отсто.

Студот ја зголемил продажбата и на какаото во прав, и тоа за 8 отсто.

oblekaПоларната зима им нуди можност и на модните куќи да почнат да ги продаваат со зголемен обем своите зимски колекции, за кои воопшто немало интерес од конзументите поради, до пред неколку денови, меката и топла зима. Слична е и ситуацијата и со зимските обувки и со чизмите. Во првата половина на јануари, годинава, се случила вистинска инвазија од купувачи во продавниците снабдени со ваков тип обувки. Продажбата на овие производи се зголемнила за околуи четири пати.

Понатака пишува дека од студот голема полза имаат и сервисите за возила. Поради честите сообраќајни несреќи, се зголемува бројот на оштетни возила на кои им е потребен сервис. Поради топлото време во последните три месеци на 2011 година, процентот на работа во оваа дејност се намалил за дури 30 отсто.

И се рабзира на крајот, најголем профит од снегот, има зимскиот туризам. Но, колку и да е тоа добро сепак за овој сектор е меч со две острици бидејќи обилните снежни врнежи и екстремно ниските температури може да му наштетат, оти ќе ги направат патиштата тешко проодни, а и ќе ја отежнат доставката на стоки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top