Вашингтон пост: Иран планира да ги нападне САД

Како одговор на заканите на Америка кон режимот во Техеран, американските разузнавачки служби веруваат дека Иран се подготвува да изведе терористички напад на територијата на САД, објавува “Вашингтон пост“.

 |   | 
Iran
Iran

Како одговор на заканите на Америка кон режимот во Техеран, американските разузнавачки служби веруваат дека Иран се подготвува да изведе терористички напад на територијата на САД, објавува “Вашингтон пост“.
Iran
Според „Вашингтон пост“, во извештајот на Џејмс Клапер, директорот на Националната разузнавачка служба на САД, се вели дека Иран минатата есен планирал атентат врз амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон и дека постојат сознанија дека во врвот на Техеран се заговара напад на САД.

Али Хамнеи, иранскиот врховен лидер сега е поподготвен од било кога да изврши напад на самата територија на САД, посебно се споменува во извештајот.

Во извештајот што Клапер го поднел пред Комитетот за безбедност на американскиот Сенат, се вели дека САД сакаат да одбегнат воорушен напад со Иран и дека Сад се залага за нови санкции, но превентивниот напад врз Иран не исклучен.

-Се надеваме дека санкциите ќе имаат ефект врз промената на иранската политика кон нуклеарниот ангажман. Тоа е многу чувствително прашање и ние донесуваме одлуки заедно со Израелците, изјавил Клапер.

Шефот на разузнавачката служба изјави дека не очекуваат голем напад по уништувањето на значајните капацитети на Ал Каеда, но сепак постои опасност од мали поединечни напади.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top