Соларна бура стигна на Земјата и станува се’ посилна. Сонцето не’ бомбардира со радијација од најсилната бура во последните шест години. Ерупцијата на Сонцето ослободи најголема радијација од 2005 година, која би можела да ја наруши сателитската комуникација, особено во поларните региони. Денеска бурата ќе го достигне својот врв,а најголеми ефекти ќе почувствува северниот дел на Земјата.
Соларната бура се појавила во неделата околу 4 часот наутро, нејзината радијација стигнала на Земјата околу еден час подоцна, а ќе не’ погоди во три различни периоди. Врвот ќе биде денеска, а ќе продолжи веројатно и во текот на утрешниот ден.
“Најголема последица е радијацијата“, наведува Американскиот центар за предвидување на временските прилики во вселената.
“Целиот простор меѓу нас и Јупитер е исполнет со протони и не можете лесно да се ослободите од нив. Затоа ефектите ќе се задржат неколку денови“, објаснил физичарот од центарот, Даг Бисекер.
Иако ова е најсилната бура која од 2005 ја погодила Земјата, на скалата од еден до пет, зазема трето место. Се смета дека ќе биде “силна“, но не и “разорна“.
Радијацијата предизвикува најголема загриженост заради можно нарушување на работата на сателитите и астронаутите во вселената.
Денеска, кога бурата ќе го достигне врвот, Земјата ќе ја погоди брз облак од плазма. Токму сончевата плазма е таа која предизвикува проблеми на Земјата, како прекин во електричната мрежа.
Научниците претходно истакнаа дека можно е луѓето да се чувствуваат “чудно“ во текот на сончевата бура, но истакнале дека освен мали прекини на работата на сателитите или електричната мрежа, нема да има други ефекти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град