За три јајца во чанта – 11 години затвор

Во чантата имав јајца. Да не беше можеби подобро да носев оружје, запраша студентот.

 |   | 
jajca
jajca

Казна до 11 години затвор може да добие студент по право кој ќе биде уапсен со три јајца во чанта кој ги подготвил за протест против турскиот претседател Абдула Ѓул.

jajcaСпоред Си-Ен-Ен Турк, пресудата која ја бара обвинителството за 19-годишен студент значи 44 месеци затвор за секое јајце.

Студентот Јигит Ергјун го оквалификува барањето на обвинителството како „смешно“.

– Каде што завршуваат зборовите, таму почнуваат јајцата, изјави Ергјун.

– Во чантата имав јајца. Да не беше можеби подобро да носев оружје, запраша студентот.

Ергјун беше уапсен при протест во Истанбулскиот универзитет за време на посета на Ѓул на 14 декември. Освен што носел јајца, студентот скандирал против владејачката партија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top