Српското министерство за внатрешни работи добило дојава за подготовка за атентат врз српскиот претседател Борис Тадиќ, патријархот Иринеј, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и директорот на полицијата Милорад Велјовиќ, пишува српски “Данас“.
Висок функционер на српското МВР добил смс порака дека за разлика од планираниот атентат во спoртската сала “Борик“ во Бањалука, новиот атентат ќе биде помалку спектакуларен.
Пораката била предупредувачка, а не заканувачка и била испратена од мрежата на еден од српските мобилни оператори.
“Не ја испратил некому кој е упатен во настаните во подземјето и до кого стигнале информациите за подготовка на атентатот“, навел извор и додал дека информацијата е примена со голема доза на сериозност и дека полицијата ги зголемила мерките за безбедност.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град