Карла Бруни крадела од болни деца

Првата дама на Франција, Карла Бруни Саркози (44) земала 2,75 милиони евра,од хуманитарниот Глобал фонд, со седиште во Швајцарија,  пари наменети за кампања против сида и ги дала на својот пријател, музичарот Жулијен Сиванж.

 |   | 
Karla Bruni Sarkosy
Karla Bruni Sarkosy

Првата дама на Франција, Карла Бруни Саркози (44) земала 2,75 милиони евра,од хуманитарниот Глобал фонд, со седиште во Швајцарија,  пари наменети за кампања против сида и ги дала на својот пријател, музичарот Жулијен Сиванж. Тоа е мошне проблематично, бидејќи нејзиниот сопруг, претседателот на Франција Никола Саркози, минатата година доделил 1,1 милијарда евра на истиот тој фонд и тоа од буџетот кој го полнат граѓаните. Инаку Карла Бруни е хуманитарен амбасадор, а во 2010 ја покрена кампањата “Роди се без ХИВ”, која има за цел да собере средства за мајките и децата заболени од сида.
Karla Bruni Sarkosy
Карла Бруни, од Глобал фондот дала 2,75 милиони евра на компаниите во сопственост на Жулиен Сиванж(43), вклучувајќи  и 608.000 евра уплатени директно нему и четворица негови колеги, на име промоција на хуманитарна акција, за да подоцна се испостави дека собраните средства за кампањата “Роди се без ХИВ”, се минимални.

Магазинот Маријана тврди дека Карла Бруни барала, парите директно да одат на компанијата на Сиванж и тоа преку нејзината лична хуманитарна фондација во Франција. Таа немала намера за промоција на оваа кампања да објави тендер, што патем е вообичаено  за која било меѓународна хуманитарна организација со реноме.

Бившата манекенка и пејачка, признала дека парите ги дала на Сиванж, за да ја промовира нејзината работа, но негирала дека истите се дадени од фондот во кој парите се слеваат од буџетите на сите земји. “Глобал фонд” пак наведува дека сите договори за нивната кампања се законити и дека “Роди се без ХИВ” е независна кампања под нивно покровителство и дека парите се трошени правилно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top