Милиони луѓе во светот денеска ќе ја испратат старата 2011 и ќе ја дочекаат новата година. Секој на различен начин. Некој дома, некој во кафеана, на плоштад, во ресторан…
Милиони луѓе во светот денеска ќе ја испратат старата 2011 и ќе ја дочекаат новата година. Секој на различен начин. Некој дома, некој во кафеана, на плоштад, во ресторан…
Новогодишното одбројување прво започнува во Нов Зеланд, како и во сите пацифички острови. Наскоро 2012 ќе започне и во некои региони во Русија и Австралија, а потоа во Јапонија, Кина, Индонезија и Мјанмар.
По нив, 2012 ќе ја дочекаат Бангладеш, Непал, Индија, Шри Ланка, Пакистан и некои делови на Казахстан. Пред нас Нова година ќе стигне и во остатокот од Русија и Австралија, Грција, Ирак и Иран, а заедно со нас ќе слават 43 држави, меѓу кои Германија, Шпанија, Италија и Франција. По нас следуваат Аргентина, Канада, Венецуела, Велика Британија, Њујорк и Алјаска.
Како и останатите светски метрополи и Скопје вечерва ќе понуди забава на плоштадот “Македонија“. Сите оние кои 2012 ќе ја дочекаат во центарот на градот ќе се забавуваат со Каролина Гочева, Лаура Крлиу, Влатко Илиевски, Фул Стоп Бенд, Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Гаро Тавитјан, Есма Реџепова, Владо Јаневски и Тони Зен. Музичката програма за пречекот на Новата година во Скопје ќе почне во 20 часот и ќе трае до раните утрински часови.
Најмладите на плоштадот може да се фотографираат со Дедо Мраз и да се забавуваат со омилените детски песни. Во рамки на празничната програма, ќе настапат и учениците од музичко балетското училиште “Илија Николовски – Луј“.
Градските власти и полицијата апелираат граѓаните да се воздржат од употреба на петарди на новогодишната ноќ. За време на пречекот, во центарот на Скопје ќе има зголемено присуство на полиција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град