Пилот на „Јунајтед ерлајнс“ уапсен на лондонскиот аеродром по извршен алко-тест

Пилот на американската воздухопловна компанија „Јунајтед Ерлајнс“ е уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу, по извршениот алко-тест.

 |  Крсте Голабовски  | 
pilot
pilot

Пилот на американската воздухопловна компанија „Јунајтед Ерлајнс“ е уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу, по извршениот алко-тест.

Инцидентот се случил на првиот терминал на најголемиот аеродром во Велика Британија, од каде полетуваат и каде слетуваат авионите на американските авиокомпании на нивните летови преку Атлантикот.
Пилотот бил осомничен дека мириса на алкохол и дека има во себе многу повеќе алкохол отколку што тоа го дозволуваат строгите прописи при летањето. Врз него потоа бил извршен алко-тест, по што била повикана полицијата.

HeathrowНеговиот идентитет не е соопштен, но полицијата соопшти дека тој ќе мора да се појави уште еднаш во полициската станица на Хитроу, во средината на јануари.
Претставник на „Јунајтед Ерлајнс“ го осуди однесувањето на својот пилот, објаснувајќи дека прописите на компанијата околу конзумирањето алкохол се меѓу најсторгите во светот во авионскиот сообракај.

Не е соопштено на кој лет се случил инцидентот со „поднапиениот“ американски пилот, кој е сменет од должноста и против него е отворена истрага.
Прописите во авиоонскиот сообракај предвидуваат толеранција од само девет микрограма алкохол на 100 милилитри здив на пилотот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top