Конгресменот Џим Сенсенбренер изјавил дека сопругата на претседателот Барак Обама има голем задник и дека е лош пример на помладата популација.
Познато е дека дебелината е проблем број еден во Америка, а конгресменот смета дека лидерите на земјата треба да ја поттикнува државата на здрав живот и оптимална тежина.
Наводно, конгресменот изјавил дека Мишел Обама е лицемерна, бидејќи води кампања против детската дебелина, а и таа самата има проблеми со тежината.
“Не учи како здраво да се храниме, а и самата има голем задник”, изјавил Сенсенбренер пред некоја жена која била воодушевена од Мишел и нејзиното учество во спречувањето на дебелината.
Првата дама на Америка веќе долго време е застапник на здравиот начин на живот. Покрај тоа, скојдневно напорно вежба.
Откако несоодветните коментари протекоа во јавноста, портпаролот на Сенсенбренер изјавил дека конгресменот ќе и се извини на Мишел.
“Мислел на иницијативата на првата дама за здравата исхрана. Смета дека Владата не би требало да им кажува на луѓето што да јадат”, се вели во соопштението.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град