Една од кандидатките на изборот за Мис Универзум во Хрватска сведочи за Јутарњи лист дека сопственикот на лиценцата за изборот ја продавал на богати бизнисмени откако и ветил дека ќе победи на изборот.
Една од кандидатките за изборот Мис Униврзум во Хрватска во своето сведоштво за Јутарњи лист вели дека сопственикот на лиценцата и oрганизатор на изборот се обидел да ја силува.
„Владимир Краљвиќ, сакаше да ме силува. Ме однесе во собата и ме бакнуваше по стомакот додека правев стомачни вежби.“
Таа до редакцијата на весникот ја доставила и потврдата на која со својот потпис и печатот на фирмата која го организира изборот, организаторот Владимир Краљевиќ и гарантирал дека ќе победи уште пред тој да започне.
„Потврдувам дека Мартина К… ќе биде идната Мис Универзум на Хрватска за 2012 година. До сега веќе покажа огромен потенцијал“ – стои во потврдата рачно напишана на меморандум на компанијата организатор.
Сопственикот на лиценцата е приведен од полицијата каде се сомничи за сексуално злоставување и организирање на проституција.
Мартина К. млада 22 годишна девојка, порасната во Германија, во вторникот на вечер го имала изборот за Мис Универзум Хрватска 2012 во свои раце. Да се прифати непристојната понуда од организаторот на изборот и да стане Мис Хрватска 2012 или да го пријави Краљевиќ на полицијата за сексуално злоставување и обид за силување. Мартина одлучи да игра чесно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град