10 правила за да не се обрукаш на предновогодишна забава со колегите

За да ги избегнеш незгодните ситуации кои може да се случат на забава со колегите, ти нудиме неколку едноставни правила на кои треба да се придржуваш.

 |   | 
zabava
zabava

За да ги избегнеш незгодните ситуации кои може да се случат на забава со колегите, ти нудиме неколку едноставни правила на кои треба да се придржуваш.

kolegi, Nova Godina

1.Облечи се пристојно
Твојата облека зависи од местото на кое работиш, но некои правила треба секогаш да се почитуваат. На забавите со луѓето од работа никогаш не доаѓај во прекратки мини здолништа и со длабоко деколте, а исто така избегнувај свечени тоалети. Од друга страна, пак, немој да се појавиш ни по фармерки и сива маица, туку покажи дека го цениш трудот кој твојата фирма го вложила за организирање на свечената вечера и дотерај се малку.

2.Внимавај да не претераш со алкохолот
Ако сакаш да си ’ѕиркаш во чашата’ и си свесна дека тоа во целост го менува твоето однесување, договори се со колешката да внимавате една на друга. После секоја чаша алкохол испиј чаша вода, а кога ќе ти се чини дека прегласно зборуваш и се кикотиш на секоја реченица која ќе ја изговори некој, време е да престанеш со алкохол и да се префрлиш на сокови.

zabava3.Можеби си пивнала малку, ама шефот и понатаму си е шеф

Никогаш на шефот немој да му ги речиш следните нешта: дека го сакаш, дека го мразиш, дека грдо се облекува и дека никогаш нема да му простиш што ја унапреди твојата колешка а не тебе. Исто така, на канцелариската забава немој да бараш покачување или подобро биро во канцеларијата.

4.Немој да пееш ако немаш глас

Тивкото потпевнување е дозволено и пожелно, но немој да урлаш на цел глас во стилот на Бриџит Џоунс ако не сакаш да бидеш главна тема за канцелариски зафрканции во идната година.

5.Внимавај како играш

Ако се одлучиш да играш, внимавај тоа да го правиш елегантно и пристојно. Качување по столови, слекување на чевлите и изведување на стомачен танц е строго забрането.

6.Седни подалеку од колегите кои не ги сакаш
Сама избери го своето друштво и седни подалеку од колегите кои се секогаш безобразни кон тебе или колешките кои секогаш те трачарат. Така ќе биде помалку веројатно да се вовлечиш во незгодни расправи и пијани кавги.
zabava
7.Немој да го избегнуваш шефот
На шефот не смееш да му се наметнуваш или да го опсипуваш со прашања поврзани со работата, но немој ни да го избегнуваш цела вечер. И тој е дојден да се опушти и да се забавува, па слободно поразговарај малку со него и разменете некоја шега.

8. Не прави експерименти
На забавите со колегите не оди со фризура во стилот на Лејди Гага и шминка во стилот на Ники Минај. Освен ако не работиш во фризерски салон, ќе делуваш исфорсирано, а колегите цела ноќ ќе ти шепотат зад грб.

9.Немој да флертуваш со колегите
Пијаното наметнување на колегите и бавните сентиши на ’песните од твојата младост’ се целосно забранети. Освен ако веќе имаш врска со некој од колегите од канцеларијата, тоа не е ни време ни место да започнеш нова врска.

10.Навреме погрижи се за превоз
Нема ништо понезгодно од барање на превоз во 3 наутро. Затоа погрижи се однапред да се договориш кој ќе те вози до дома и секогаш во себе да имаш доволно пари за такси.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top