Избрани се петте нови непостојани држави членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2009-2010 година.
За единственото место предвидено за азиска држава е избрана Јапонија, која освои 158 гласови, а конкурентот Иран 32, соопшти вечерва претседателот на Генералното собрание на ОН Мигел Декото.
Во групата на Европа за непостојани членки се избрани Австрија и Турција, а Исланд беше елиминиран. Од групата на Латинска Америка и Африка, беа избрани единствените кандидати Мексико и Уганда.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град