Во Брисел пристапниот договор заедно го потпишаа претседателката на хрватската техничка влада Јадранка Косор и претседателот на Републиката Иво Јосиповиќ.
Од ЕУ се потпишаа претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, председателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и председателот на Европскиот парламент Јежи Бузек. Договорот ќе го потпишат и шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ.
„Сведоци сме на историски чин. Хрватска се враќа во политичкиот и културен простор на кој му припаѓала отсекогаш. Ние сме први кои пред влезот во ЕУ моравме да преживееме војна. Хрватска својата тешко стекната сувереност не и ја предава на унијата туку ја вложува во ЕУ“-изјави хрватскиот претседател Јосиповиќ и додаде дека Хрватска ќе биде промотор на мирот и демократијата во регионот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град