Новинарите на суд поради Венера која на Европа и покажува среден прст

Дванаесет новинари од германскиот неделник Фокус би можеле да се најдат зад решетки на две години.

 |   | 
afrodita
Афродита

Дванаесет новинари од германскиот неделник Фокус би можеле да се најдат зад решетки на две години. Толку изнесува максималната казна за клевета и навреда на национален симбол, за што новинарите се обвинети пред судот во Атина. Venera vo Fokus i Grcite go vozvratija udarot

Неделникот Фокус во февруари 2010 год. објави насловна страна на која е прикажана грчката божица Венера, валкана и замотана во искинато грчко знаме како го покажува средниот прст. Во случак сликата да не ви кажува доволно, насловот дава појаснување „Преваранти во европското семејство“. Додуша ни Грците не останаа покуси па веднаш потоа објавија слики на кои германцките национални обележја ги украсија со свастики.

Шест навредени Грци покренале тужба против издавачот на Фокус и новинарите кои пак, се правдале дека насловната страна требало да ја изрази загриженоста околу грчкиот долг.

Ниту еден од обвинетите новинари не се појавил на судењето минатата недела, пишуваат грчките медиуми. Преку тимот свои грчки адвокати ги отфрлиле сите обвиненија и се изјасниле како невини. Судењето продолжува на 9-ти декември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top