„Снежна криза“ во Европа – нема каде да се скија

Зимските центри низ Европа „кубурат“ со снег.

 |   | 
ski pateki
ski pateki

Отсуството на снег ширум Европа го уништи отварањето на ски сезоната, а тоа најверојатно се должи на фактот што на Алпите, овој декември е најтопол во последните 150 години.
ski pateki bez sneg
Скијачките патеки во Франција и Швајцарија се без снег, па поради тоа хотелиерите и сопствениците на скијачките центри се плашат дека туристите масовно ќе ги откажат своите аранжмани.

Ова време минатата година беа отворени патеките ширум франција, а сега 9 од 12 ски центи сеуште не ја започнале ски сезоната. Тука се Шамони, Мерибел, Ле Дуз Алп, кадешто од вкупно 100 патеки работат само 12.

Од 36 скијалишта од другата страна на Франција, на Пиринеите, отворени се само Пигмал и Вајнорд.

Слична е и ситуацијата со Швајцарија кадешто снежните топови работат прекувремено на Клостерс.

Француското скијалиште Вал Д’Изер минатата недела мораше да го помести отварањето на сезоната. Ова е најсувиот декември во изминативе 150 години, велат тамошните метеоролози.

Кон крајот на оваа недела се очекуваат снежни врнежи и пониски температури, а во текот на наредните недели Алпите ќе добијат бела прекривка што значително ќе ја подобри ситуацијата и за скијачите и за хотелиерите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top