Во Германија успешно деактивирана бомба тешка речиси два тона

Голема бомба од Втората светска војна пронајдена минатата недела во германскиот град Кобленц денеска успешно беше деактивирана, а половина од жителите во градот беа евакуирани, соопшти противпожарната служба.

 |   | 
bomba

Портпаролот на противпожарната служба во Кобленц Бајко Бајтбарт рече дека жителите на градот ќе бидат евакуирани, се додека другите гранати пронајдени во близина не бидат деактивирани.

Околу 45.000 жители на Кобленц, биле евакуирани поради деактивирањето на бомбите останати од Втората светска војна пронајдени во реката Рајна.

Седум домови за стари лица, две болници и затвор, исто така, биле евакуирани,во прекин беше железничкиот и патниот сообраќај во областа која се наоѓа на околу 130 километри северозападно од Франкфурт.

Останатите бомби ќе бидат уништени со контролирана експлозија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top